вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Фризура која ги брише годините: Ако се ишишате вака, ќе изгледате помладо

Фризура која ги брише годините: Ако се ишишате вака, ќе изгледате помладо

Време е да експериментирате

Станува збор за таканаречен француски боб, кој е идеално решение доколку сакате да постигнете бунтовен и шик изглед.

Од другите боб фризури, францускиот се карактеризира со должина на коса до усните и рамни шишки веднаш над веѓите. Токму поради должината, оваа фризура ги нагласува јагодиците и ги истакнува очите.

Ќе го освежи вашето лице и ќе му даде младешки изглед, па затоа е идеален за жени над 40 години.

Овој начин на стилизирање на косата беше особено актуелен во текот на дваесеттите и 30 -тите години на минатиот век.

Ќе изгледа одлично на дами со овално и лице во облик на срце, додека оние дами кои имаат тркалезно лице треба да го избегнуваат, бидејќи тоа ќе направи да изгледаат пополни во лицето.