сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ги надмина Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг: Ова девојче е најпаметно во светот!

Ги надмина Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг: Ова девојче е најпаметно во светот!

Тара Шарифи, 11-годишна Иранка која живее со своето семејство во Велика Британија, официјално стана најпаметната девојка на светот.

Поточно, Тара, како ученичка во британското училиште Аилсури, го полагала популарниот тест за интелигенција Менса, со што заработила импресивни 162 поени. Тој резултат ја става високо над границата на генијалноста – која изнесува 140 поени.

Покрај тоа, тој резултат ја прави попаметен од Алберт Ајнштајн, кој иако никогаш не го полагал тестот, имал коефициент на интелигенција од 160. Стивен Хокинг исто така имал коефициент на интелигенција од 160.

Резултатот бел големо изненадување за сите, а особено за Тара која рекла:

„Бев шокирана кога ми кажаа“.

Заедно нејзините родители одлучиле дека Тара ќе оди на тестот во Оксфорд, бидејќи тие веруваат дека нивната ќерка е многу интелигентна. Резултатот од нејзиниот тест зависел од нејзината способност да разбере одредени зборови и да одговори на нив во одредени периоди.

-Знаев дека е паметна затоа што во разни квизови ќе одговараше на прашања, особено математички, наместо самите конкуренти. Сепак, не се надевав дека таа имала толку висок коефициент на интелигенција, рекол татко ѝ Хосеин Шарифи.

Како што рекла, кога била постара, би сакала да се знаимава со нешто повразно со математика и наука.