Секој возач има свои навики во автомобилот – од тоа како да го наместите седиштето, до изборот на музика и држење на воланот. Сето ова е поврзано со карактерот и карактеристиките, а најмногу со положбата на рацете. Дали ги држите двете раце на воланот или само една?
Ако одговорот е само една, додека другиот е на менувачот, тоа значи дека сте многу едноставни. Опкружени сте со блиски луѓе и повеќе би сакале да имате мал број од нив, отколку толпа. Луѓето ве почитуваат и ве сакаат најмногу затоа што не сте склони кон драма.
Ако ги држите двете раце среде волан, вие сте личност која не сака конфликти. Понекогаш го кревате гласот, но тоа е само кога веќе сте многу изнервирани. Тие само сакаат мир и добри односи со другите.
Оние луѓе кои го држат воланот грчевито на горната страна со двете раце возат како што учеле во автошкола и строго ги почитуваат прописите. Ако сте еден од овие, вие сте перфекционист и многумина би сакале да бидат како вас.
Само едната рака е на вашиот волан и дали е опуштена? Склони сте кон авантури и сакате адреналин. Овој начин на живот навистина не ја прави среќна вашата околина бидејќи се грижи за вас, пренесува Bright Side.