недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Го нарекуваат СВЕТО РАСТЕНИЕ: Одлично е за здравјето, а лимонадата од него е како лек

Го нарекуваат СВЕТО РАСТЕНИЕ: Одлично е за здравјето, а лимонадата од него е како лек

Босилекот во многу култури и традиции се нарекува свето растение, а се користи и при крштевки, свадби, верски церемонии и осветување на вода.

Мирисот на босилек опушта и смирува, па се смета дека овој зелен дар на природата се поврзува со духовноста.

Научно истражување од Сиетл докажаа дека еугенолот може да помогне во намалувањето на крвниот притисок со тоа што делува како природен блокатор на калциумовите канали.

Блокаторите на калциумовите канали го спречуваат движењето на калциумот во срцето и артериските клетки, дозволувајќи им на крвните садови да се опуштат.

Босилекот е природен лек кој се користи како средство за спречување и ублажување на одредени заболувања, како и за намалување на крвниот притисок.

При конзумирање босилек телото ни станува посмирено и полесно се справуваме со стресот што поволно влијае на регулацијата на хипертензијата.

Босилекот е исклучително популарен во алтернативната медицина бидејќи е богат со еугенол, растителен антиоксиданс за кој истражувањата покажуваат дека може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.

Како се консумира босилекот?

За намалување на притисокот, важно е да се земе терапијата што ви ја препишал лекарот, а босилекот во консултација со лекарот може да биде природен помошник во борбата против хипертензијата. Можете да го земете со јадење неколку листови свеж босилек наутро на празен стомак за да ги искористите сите придобивки од оваа моќна билка. Исто така од босилекот можете да направите вкусно песто како додаток на многу јадења.

Класичниот чај од босилек се приготвува со истурање на зовриена вода врз листовите босилек, никогаш со нивно варење за да се зачуваат важните соединенија во растението.

Но, за да помогнете со стресот и крвниот притисок, можете да подготвите вкусна лимонада со босилек.

Научна статија објавена во „Journal of Ayurveda and Integrative Medicine“ истакнува дека лимонадата со босилек помага против метаболички стрес, го балансира нивото на гликоза во крвта, липидите и крвниот притисок и има позитивни ефекти за намалување на стресот.

Како да направите лимонада од босилек?

Загрејте 300 милилитри вода додека не зоврие. Потоа во водата ставете три листови свеж босилек и сечкана кора од органски лимон, долга околу пет сантиметри.

Измешајте, оставете да отстои околу 15 минути и испијте.

Напитокот можете да го пиете кога целосно ќе се олади.

За попријатен вкус додадете малку мед.