Американски кардиолози објавиja измена на дефиницијата за хипертензија, па објавија дека таа започнува кога крвниот притисок ќе достигне 130/80, додека порано тоа беше 140/90.
„Превисокиот крвен притисок е дефиниран како систолен притисок од 130 милиметри жива (mm Hg) и дијастолен притисок од 80 mm Hg“, пишува во упратства во магазинот „Хипертензија“ на Американскиот колеџ за кардиологија.
Ова упатство беше претставено на годишната конференција на Американското кардиолошко здружение во Анахајм, во Калифорнија.
Тоа е прва ревизија на упатство околу хипертензија уште од 2013 година.
Новата дефиниција значи дека 46% од возрасните во Америка имаат превисок крвен притисок, додека претходно ги имало околу 32%.
Хипертензијата, после пушењето, е втор најголем причинител за болести на срцето и мозочен удар.
Но, притисокот од 130/80 не мора да значи дека луѓето треба да земаат лекови, вели доктор Пол Велтон, професор по епидемологија на Факултетот за хигиена и заштита за здравје „Џонс Хопкинс“ во Балтимор.
„Тоа е како жолто светло на семафор кое вели дека крвниот притисок морате да го намалите со промени во начинот на кој живеете, пред се без лекови“, советува овој доктор.
Овде влегуваат намалување на тежината, поголема физичка активност, поздрава исхрана и избегнување на сол, алкохол и стрес.
Новите упатства ја елиминираат категоријата „пред – хипертензија“, која се однесуваше на систолен притисок од 120 до 139 и дијастолен меѓу 80 и 89.