понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Храброст или лудост: Жена нурка заедно со огромна бела ајкула, еден од најголемите предатори (ВИДЕО)

Храброст или лудост: Жена нурка заедно со огромна бела ајкула, еден од најголемите предатори  (ВИДЕО)

Во близина на островот Оаху, на Хаваите е снимен нуркач како на само неколку метри оддалеченост плива заедно со огромна бела ајкула, без никаква заштита.

Снимката на ајкулата, најголема што кога било е снимена, се користи во кампања за заштита на ајкулите и ражите од убивање и прогласување за заштитени животни на Хаваи.

Истражувачот и конзерватор, Оушн Ремзи рече дека во вторникот имала блиска средба со шест метри долга бела ајкула, која се смета за најголем предатор меѓу овие животни.

Настанот го сними и го објави на социјалните мрежи нејзиниот вереник и деловен партнер, Хуан Олифант.

Ремзи изјави дека заедно водат кампања за усвојување на закон за забрана за убивање на ајкулите во Сојузната американска држава Хаваи.