Прославениот кардиохирург Елсворт Верхам неодамна наполнил 104 години, а по скали „поттрчнува“, ја средува градината, не користи ниту бастун при одење… Во животот минал се и сешто, вклучувајќи ја и Втората светска војна во која учествувал и работел како лекар, а својата професија отсекогаш ја сакал.
-Го знаете она кога луѓето ќе кажат дека имаат животен повик? Јас чувствувам дека за мене тоа е лекарскиот. Тоа никогаш не сум го доведувал во прашање, рекол во интервју за Fox News.
Токму неговата професија го натерала реално и од блиску да ги согледа сите последици од лошите животни навики, бидејќи како прославен хирург многу пати видел срце, крвни садови и плуча уништени со храна, пушење, недоволно количество сон и премалку движење.
Уште пред повеќе од 60 години Елсворт одлучил да ја промени исхраната и на своето тело да му подари здрави продукти.
Со оглед на тоа дека месото се сметало за храна богата со важни состојки, тој одлучил тоа лично да го испита и да се увери. Спровел истражување и дошол до заклучок дека протеините од животинските масти од емсото го зголемуваат нивото на холестерол, па негова одлука било да премине на вегетаријанска и веганска исхрана.
Исто така, тој секој ден спие од 8 до 9 часа, а се буди во 5 наутро. Елсворт верува дека за него е најдобро да јаде двапати дневно, а за појадок се задолжителни интегрални житарки со бадемово млеко.
Остатокот од денот овој почитуван доктор со минува со семејството и вежба така што ја средува градината, ја коси тревата ги средува ружите и декорира грмушките.
Благодарение на таквиот стил на живот Елсворт престанал да прави операции дури во 74 година, дури две години подоцна отколку што наложува законот, а до својата 95 година предавал на Универзитет и бил ментор на помлади доктори во текот на големи операции, а кога требало и помагал.
И денес не му е потребна туѓа помош, се’ прави сам без проблеми, и по 10 часови дневно работи во градината, без проблеми се качува по скали, дури не се потпира ниту на бастун.
Пензионерските денови ги минува во друштво на 14 години помладата сопруга Барбара која ја запознал во дамнешната 1948 година во болница каде што работел акко шеф на хирургија, а таа била на пракса за медицинска сестра.
„Кога еднаш излегов со него, младите мажи повеќе не ме привлекуваа“, признава Барбара која имала 21 година кога го запознала Елсворт.
Од бракот долг 60. години имаат пет деца, четири сина и една ќерка, како и осум внучиња.