На Бони Стајнер ѝ е доделена титулата Модел на годината од страна на британскиот магазин Гламур, откако изгубила половина од својата тежина.
Пред 4 години, самохраната мајка на две девојчиња тежела 105 килограми, но била цврсто решена да ослабне. Освен што комплетно го променила режимот на исхрана, почнала и со интензивен тренинг кој го практикувала дури шест дена во неделата. Ослабнала 54 килограми и моментално има 57.
Размислувала да ја прекине работата како диџеј, бидејќи повеќе немала самодоверба. Денес е ангажирана да настапува повеќе од било кога, а започнала да работи и како модел.
-Бев диџејка неколку години, но ја изгубив самодовербата и почнав да работам во супермаркет. Ми требаше дополнителна мотивација, па одлучив да собирам пари за истражување на карцином кога се пријавував за лондонскиот маратон пред две години. Тогаш веќе бев малку ослабена и имав 76 килограми. Оттогаш продолжив да вежбам и да се хранам здраво, открива Бони.
Истакнува дека нема некоја посебна тајна, туку дека се’ се сведува на позитивно размислување и став, заедно со рутина, вежба, добра исхрана и многу вода.
-Работам шест дена во неделата и пробувам да се одморам еден ден, но и понатаму сум активна и трчам по децата. Понекогаш станувам во 6 наутро и вежбам. Исто така одам во теретана, трчам, имам коњ, па уживам и во јавањето. Моите цели се променија и сега само сакам да ја продолжам мојата кариера како модел и диџеј. За среќа тие две работи одат заедно, раскажува Бони.