Постои позната поговорка – „Чистотата е половина од здравјето“, а бањата, односно околината на тоалетот, секако се едни од местата каде демне најголемата опасност од бактерии и инфекции. Една жена од Австралија сподели со своите пријатели на Фејсбук како ја чистела својата бања од тврдокорни дамки со помош на само еден производ што вообичаено се користи за печење. Во групата на Фејсбук, Лорен откри дека користела само еден ефтин производ за чистење – лимунтус, пренесува Дејли Меил.
– Мразам да го чистам тоалетот. Две чинии (околу 25 грама) сок од лимон оставени во тоалетната школка девет часа ќе ја решат целата работа. Најтешкиот дел од процесот е да бидете сигурни дека луѓето не ја користат школката во текот на тие девет часа. Сакав да користам средство за чистење, но ова е поевтино – напиша Лорен во својот пост и со тие зборови ги сподели фотографиите од големата трансформација.
WC šolja očišćena pomoću limuntusa! Devet sati ga samo ostaviti u šolji – i NE koristiti je u tom periodu! pic.twitter.com/CL4Uez9Xlw
— FikoR (@FikoR87) June 20, 2021
Другите родители во групата останаа воодушевени од идејата и некои споделија начини на кои тие самите користат лимунтус.
– Јас секојдневно користам лимонтус за чистење на тоалетот, но тоа е одлично бидејќи нема хемикалии, па дури и децата можат да чистат со тоа – коментира една мајка.
– Лимонската киселина е најдобрата! Одлично за тоалети – се согласи еден корисник.