Стресот е дел од животот. Ако забележите дека сте веќе на почетокот на денот, уморни, нервозни, тоа значи дека вашиот мозок е “окупиран” со негативни мисли. Стресот останува во нашата меморија и постојано се повторува.
Постои техника која за само една минута може да го реши проблемот!
Благодарение на еден едноставен трик, стресот може да биде историја и вашиот ум да стане јасен и позитивен. Тоа е техника со која се фокусира мозокот на други ситуации и му дава наредба да заборави на стресот и на стресните повторувачки мисли.
Оваа техника може да се користи насекаде и ќе ви помогне да ги контролирате вашите мисли и да ја “испразните” главата:
Затворете ги очите и фокусирајте се на звуците околу вас. Бебе кое плаче, луѓе на улица, колеги кои пишуваат на тастатурата, компјутери, сообраќај.
Земете длабок здив, а потоа издишете, сконцентрирајте се.
Продолжете со длабоко дишење, пет пати едно по друго и максимално фокусирајте се на ова.
За време на дишењето, слушајте го влегувањето на воздухот во телото, преку носот до белите дробови и почувствувајте како се полнат со воздух,и како воздухот излегува од вашето тело за време на издишувањето. Обидете се да почувствувате каков е воздухот што излегува – топол или ладен.
Со помош на сетилото за слух, вашиот мозок за еден миг ќе ги запре повторувачките негативни мисли.