Во последно време сè повеќе парови се разведуваат, а некои не прославиле ни неколку години брак пред да одлучат да се разделат.
Има многу причини – од прерано влегување во врската, до недостаток на комуникација и, конечно, недостиг на љубов меѓу партнерите.
Но, кој всушност прв најчесто го поставува прашањето за развод? Според статистичките податоци во западните земји, жените се првите кои поднесуваат барање за развод. Конкретно, во САД, каде разводот е легален во 50 сојузни држави, дури 70 отсто од разводите се иницирани од жени, додека во Велика Британија тој процент изнесува 62 отсто.
Зошто жените одлучуваат да се разведат многу повеќе од мажите?
Според истражувањата, главната причина е тоа што партнерите не ги задоволуваат емоционалните потреби во бракот. Недостигот на чувства кои постоеле на почетокот на врската со текот на времето се губат, а кога не се работи и не се негуваат емоциите, особено по 10 или повеќе години брак, тоа доведува до постепено оддалечување на партнерот. Тогаш секоја ситница е поттик за кавга, ако не и прељуба, која на крајот води до раскинување.
Експертите велат дека жените често имаат поголеми очекувања од нивниот партнер, односно дека тој ќе ги задоволи нивните емоционални потреби, што може да доведе до разочарување по бракот. Гилза Форт Мартинез, терапевт за парови со седиште во Флорида, вели дека мажите имаат тенденција да бидат помалку емотивни од жените, што може да направи нивните партнерки да се чувствуваат неисполнето.
Кога сè е кажано и направено, ниту еден партнер во бракот не треба да трпи каква било форма на насилство, физичко, психичко, емоционално или финансисо. Ако по обидот да се дојде до заедничко решение и желбата да се среди бракот ако доживеал криза, ништо не се случи, ќе се согласите дека поднесувањето барање за развод е поволен и здрав потег за двете страни.