Многумина на своето работно место слушаат музика. Некому тоа му помага денот да му мине побрзо, некој пак, поради подобра концентрација, а други – заради елиминирање на бучавата одоколу. Но, не сите надредени се сложуваат со слушањето музика на работа.
А, што велат стручните лица? Симон Ритер од холандскиот Универзитет Радбоуд и Сем Фергусон од Техничкиот Универзитет во Австралија, истражувале дали луѓето се попрактични и попродуктивни во тишина или со музика. Резултатите од испитувањето посочуваат дека музиката поттикнува кретивно размислување, но не им помага на оние што работат со помош на својата логика.
Друго истражување на Универзитетот на Мајами пак, покажува дека луѓето кои слушаат музика, по правило, имаат подобри идеи и решенија.
Слушањето музика помага и во отстранување на стресот на работа, па препораките говорат дека тоа треба да го правиме пред работа и за време на паузата, ако веќе ви е забрането додека работите.