четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Избегнете хемикалии, а имајте чиста бања: Направете си го ова домашно средство за чистење

Избегнете хемикалии, а имајте чиста бања: Направете си го ова домашно средство за чистење

За вашата бања да мириса на свежина, важно е да внимавате на хигиената на просторот, а едно од решенијата се наоѓа во природно средство за чистење.

За оваа цел подгответе: 100 грама лимонтус, 250 грама сода бикарбона и 50 капки етерично масло со мирис на портокал, лаванда или ментол.

ПОДГОТОВКА:

Во сад измешајте ја содата и лимонтусот, па додадете го маслото и промешајте уште малку.

Во шише со распрснувач, ставете малку вода и истурете ја подготвената смеса, па добро измешајте.

Со вака подготвеното природно средство испрскајте на тоалетната школка, лавабото и кадата, а потоа избршете со чиста крпа.

На овој начин ќе избегнете хемикалија, а ќе добиете чистота и пријатен мирис.