вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Изборот на пријатели може да биде случајност – дознајте што велат психолозите

Изборот на пријатели може да биде случајност – дознајте што велат психолозите

За да ја зголемите шансата за воспоставување нови пријателства, но и за овој свет да биде поубаво место – насмевнувајте се често на непознати лица, на улица, во редовите во продавници, во фитнес центарот, во автобус.

Поголемиот број на луѓе уверени се дека пријателите се свесен избор, но психолозите тврдат дека се работи за случајност.

Често се случува да се зближиме со лица за кои никогаш не би претпоставиле дека можат да ни станат добри пријатели.

Честиот престој во близина со некое лице, како и истите интереси, всушност е одлучувачки фактор за склопувње на пријателство.

Се случува пријателствата да се формираат дури и меѓу познаници кои, на пример, сосема случајно, речиси секојдневно се сретнувале во иста продавница.