Бил мускулест, активно се занимвал со спорт, имал четири деца, а еден ден изел пилешко месо со кинески кари зачин и останал целосно парализиран.
Се верува дека токму овој зачин предизвикал ретко пореметување на имунолошкиот систем кај 40 годишниот Дејвид Брахам.
Тој почнал да се чувствува лошо додека го гледал синот како игра рагби по изедениот оброк. Не знаел дека го чекаат денови за борба за живот во вештачка кома.
Докторите откриле дека, всушност, тој се затрул со храна, што предизвикало ретко автоимуно пореметување.
Не можел да дише, ниту да говори. Бил на кислород четири месеци.
Дури осум месеци по оброкот кој за малку да го чини живот, бил во можност самостојно да оди и му бил дозволен краткотраен престој дома.
-Буквално бев заклучен во сопственото тело. Беше страшно, се чувствував како во пеколот. Не знаев дали повторно ќе ги видам своите деца и мислев дека никогаш нема пак да застанам на нозе, вели Брахам.
Тој додава дека мислел дека нема да преживее, но се борел за своите деца. Најпрво бил лекуван со антибиотици дома додека во период од 24 часа не станал целосно парализиран.
Оваа ретка и опасна состојба предизвикува имунолошкиот систем да ги нападне нервите на сопственото тело и може да се активира со одредени инфекции или со труење од храна.
Откако се разбудил од кома, следувал долг период на негово заздравување.
-Морав повторно да учам како да се бањам или да ги измијам забите. Три месеци ми беа потребни за да успеам да ги помрднам нозете. Бев како бебе. Мојот мозок знаеше како треба да ги направам работите, но телото не одговараше на командите, објаснува Дејвид.