сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Изложеноста на дневна светлина влијае на квалитетот на сон

Изложеноста на дневна светлина влијае на квалитетот на сон

Дури и малку дневна светлина може да го подобри режимот на спиење, се вели во новата студија објавена во списанието „Journal of Pineal Research“.

Студијата на Универзитетот во Вашингтон опфати 507 студенти на додипломски студии од 2015 до 2018 година. Истражувачите користеле монитори на рачниот зглоб за да ги измерат моделите на спиење и изложеноста на светлина.

Податоците покажале дека иако младите спиеле речиси исто количество сон на дневна основа, тие пријавиле дека си легнале 35 минути подоцна и се разбудиле 27 минути подоцна, во просек, во текот на зимата во споредба со летните училишни денови.

Истражувачите очекувале токму спротивни наоди и биле изненадени од резултатите.

-Очекувавме дека во текот на летото студентите ќе бидат подолго будни поради светлината што е достапна во текот на таа сезона, рече авторот на студијата Хорасио де ла Иглесија.

Нашиот распоред за спиење е под влијание на околината како што е изложувањето на светлина. Луѓето следат природен деноноќен часовник кој се движи блиску до 24-часовен циклус. Ако не сте изложени на доволно светлина во текот на денот, тоа го забавува вашиот часовник и го одложува почетокот на спиењето во текот на ноќта.

„Светлината во текот на денот го поместува вашиот часовник напред, така што се уморувате порано навечер, но изложеноста на светлина доцна во денот или рано навечер ќе го одложи вашиот природен часовник, поместувајќи го времето кога се чувствувате уморни“, објасни тој.