Израелски научници направија додаток којшто би можел да овозможи движење кај парализирани луѓе во ортопедска количка. Имплантот бил тестиран на парализирани глувци – им бил вграден во ‘рбетниот мозок, и благодарение на тоа, глодарите можеле да се движат.
Замислата е да се направи посебна смеса за секој човек, за чиешто производство ќе се користат клетките на самото лице на кое му е потребен трајниот лек. Се очекува дека ова ќе ја отстрани опасноста телото да не го прифати имплантот.
Научниците од Универзитетот на Тел Авив веруваат дека клиничките испитувањe на луѓе ќе почнат за помалку од три години.
-Доколку имплантите се функционални за луѓето, а веруваме дека ќе бидат, ќе им дадеме надеж на сите парализирани луѓе дека ќе можат повторно да одат, рече проф. Тал Двир.
Според него, ова е првпат човечки клетки да се користат за правење вакви импланти.
Човечки клетки биле користени за имплантите за глувците. При истражувањата, успехот кај трајно парализираните глувци бил 80 отсто, а успехот кај новопарализираните или краткотрајно парализираните глувци бил 100 отсто.