Девојка која во младоста била злоставувана, го променила целосно својот физички изглед до непрепознатливост.
-Таа вложила 50.000 швајцарски франци во пластични операции, пишува Деили Меил.
Станала Инстаграм ѕвезда, а вели дека на овој драстичен чекор ја навела тешката младост низ која е нарекувана грда и непривлечна.
Тврди дека неколку пати била приморана да глуми дека е болна за да не излегува и не се соочува со навредите.
Парите за операциите ги собрала работејќи како фризерка, а тврди дека операциите и помогнале да се чувствува среќно во својата кожа.