Една жена откри трик со чија помош успеа да ја извади целата нечистотија од нејзината облека.
Таа изјавила дека целиот процес го направила во кадата, и дека користела три состојки – сода бикарбона, детергент и оцет.
Како што објасни, потребно е прво да се наполни кадата со топла вода, а потоа да се додадат трите споменати состојки.
– Нема точна мерка, додајте дедуктивно, во зависност од тоа колку облека имате. Потоа натопете ја облеката, додадете ги овие три состојки и оставете ги да отстојат три часа – објасни таа.
Како што може да се види на сликите што ги објавила, водата во која била потопена облеката била речиси црна, од нечистотијата што излегла.
Таа изјави дека по овој процес, доволно е само да ја ставите облеката во машината за перење за плакнење, како и дека после тоа тие стануваат посвежи и мирисаат убаво.
– Откако ќе го пробате ова, ќе ви биде јасно зошто го правам ова цело време – рекла жената, а нејзината постапка оставила многумина без зборови.