понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Јапонците развиваат вакцина за продолжување на животот

Јапонците развиваат вакцина за продолжување на животот

Истражувачи од токискиот Универзитет Јунтендо порачаа дека по спроведените лабораториски испитувања над глувци дошле до сознанија дека вакцината која ја тестирале може позитивно да влијае на здравствената состојба предизивикана со стареењето.

-Можеме да очекуваме вакцините да се користат против аневризми, дијабетес и други здравстени потешкотии предизвикани со стареењето, изјави професорот од универзитетот Тор Минамино.

Челникот на лабораторијата за изучување на ракот и стареењето укажа дека претходни лабораториски испитувања над глувци покажале дека е можно да се оневозможи размножување на ќелиите за стареење за меѓу 15 и 35 проценти. Меѓутоа, се уште не е утврдено колку долго тоа може да го продолжи животот.

-Ова е многу интересно прашање за кое не постои единствен став. Поединци веруваат дека постои тврда граница на животниот век, се претпоставува дека е 130 години. Но, некои сметаат дека бесмртноста сепак може да се оствари, изјави Мацип.

Според неговите зборови прерано е да се заклучи за колку долго е можно да се продолжи животот, односно дали е можно да биде бесмртен. Очекувањата се дека нема уште долго време да помине до конечниот одговор, пишува Еуроњуз.