петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Јапонското јаболко делотворно против стареењето

Јапонското јаболко делотворно против стареењето

Дојде сезоната на јапонските јаболка, кои во светот се познати и под името „каки јаболка”. Ова овошје потекнува од Азија, па во Кина се користи како лековит плод веќе над 2.000 години.

На овие простори, ова портокалово или црвено-кафеаво овошно дрво можеби не е толку познато, но плодовите не само што се слатко и вкусно задоволство, туку имаат и многу здравствени придобивки. Меѓу нив се делотворноста за здравјето на очите, спречување разни видови рак, подобрување на варењето, зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на холестеролот, зајакнување на коските и намалување на крвниот притисок.

Јапонските јаболка може да му помогнат на телото и за побрзо заздравување, во губењето тежина, при намалување на воспаленијата и за подобар крвоток.

Тоа е богато со бројни витамини, особено со витамин А, бета-каротен, лутеин, ликопен и криптоксантин. Овие витамини се делотворни против брчки, старечки дамки, Алцхајмерова болест, замор, губење на видот, мускулна слабост и голем број други состојби на стареењето.

Јапонските јаболка може да се јадат свежи, сушени, сурови или варени, што го менува вкусот, но битно е што се слатки и меки. Ако целосно созрее, мекиот дел од плодот се вади и со лажица. Една „каки“ јаболкница дава до 200 килограми плод.