Со јогата ќе допрете во самите себе, ќе допрете во вашата душа, сетилата и чувствата ќе ги свртите кон вас, кон самите себе, па ќе дознаете многу неверојатни нешта за кои претходно не сте ни биле свесни дека ги поседувате или дека можете да ги постигнете.
Јогата ќе ви открие еден сосема нов, но истовремено и веќе за вас познат свет и полека, не наметнувајќи се, ќе ве натера да го промените во вас или на вас она што до сега мислевте дека не е добро, но не сте знаеле како да го промените.
Првенствено многу позитивно ќе делува на вашето здравје, а како последица на тоа и на сé останато во вас и околу вас.
-Јогата помага за постигнување на единство помеѓу умот, телото и духот. Ова постигнато единство помага да се подобри квалитетот на животот, во смисла на радост, здравје и хармонија со самите себе, а и со надворешната околина.
-Јогата помага за постигнување на поголема свесност за самите себе, помага да се прифатиме онакви какви што сме; јогата помага за зголемување на самодовербата, за подобрување на концентрацијата, помнењето, способноста за учење и го подобрува расположението.
-Јогата помага за подобрување и зацврстување на мускулите; помага за да научиме правилно и длабоко да дишеме; помага за зголемување на флексибилноста и еластичноста на телото и постигнува баланс на телото; јогата исто така помага и за намалување на болките предизвикани од артритис.
-Практикувањето на јога го подигнува нивото на позитивни енергии во телото, како оптимизмот и ентузијазмот, го зголемува чувството на поголема свесност и будност и ги намалува негативните енергии во телото, како што се насилност, нервози и подложност на заболувања.
-Редовното практикување на јога доведува до нормализирање на работата на нервниот систем, доведува до нормализирање на работата на срцето, на стомачните активности, нормализирање на работата на хормоните како и до зголемување на еластичноста на телото.
-Јогата исто така го стимулира имунолошкиот систем и ја подобрува координацијата око – рака, ја подобрува навремената реакција, ја развива способноста за справување во секаква ситуација и помага во постигнувањето на мирен сон.