понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Кацига на „Хермес“ се продава за 6.800 долари

Кацига на „Хермес“ се продава за 6.800 долари

Една од првите кациги дизајнирани 2008 година, по повод отворањето на продавницата на „Хермес“ во Торонто, Канада, неколкупати се појавуваше на наддавања, а сега е достапна и на интернет. Аукциската куќа „Сотби“ ја продава заштитната капа по цена од 6.800 американски долари.

На интернет-страницата на аукциската куќа е наведено дека кацигата е „во многу добра состојба и има само мали гребнатинки“ на надворешниот дел. Луѓе на интернет-просторот се потсмеваат со сето ова…

„Треба да може да запира куршумите за таа цена“, „Ако може да ги спречи астероид, тогаш – добро“, „’Хермес’ се зафркава со нас“, „Очекував ваква глупост од ‘Баленсијага’, но не и од ‘Хермес’“ – гласат дел од коментарите.

Вакви капи, инаку, (без логото на „Хермес“) може да се купат и за 350 денари.

Кацигата е во портокалова боја, а логото на брендот е на предната страна. На задната страна на пишува „Торонто, јуни 2008 година“.