Дали во вашата бања имате када или туш кабина? Што е предноста и што е подобро за вашата бања?
Долго капење или брзо туширање?
Дерматолозите препорачуваат брзо туширање и користење на сапун само на региите каде се потите и кои непријатно мирисаат, како пазувите, препоните и стапалата.
Сепак ако уживате во спа-моментите во вашата бања тогаш кадата е јасен избор за вас. Сепак имајте на ум дека пречесто лежење со полна када не е добро за вашата кожа бидејќи на тој начин ја сушите.
Големината на бањата
Ако имате мала бања, тогаш се подразбира дека туш кабината е вашиот избор. Тоа ќе ви овозможи останатиот дел од просторот да го искористите за корпа за валкани алишта, некое плакарче, машина за перење алишта.
Чистење
На прв поглед делува дека чистењето на туш кабината е послена работа од чистењето на кадата. Но, ако ги земете во предвид сите тесни места и простори на вратата од туш кабината кои брзо пожолтуваат, а тешко е да се исчистат, ова не е баш едноставно.
Мали деца
Ако имате мали деца, можеби ќе ви кажат дека е полесно ако имате када во која тоа ќе си седи, игра и ужива во капењето. Предноста е што детето исто така може да се фати за кадата и полесно да се исправи, ако е седнато. Од друга страна, кога детето ќе потпорасне послесно ќе му биде да излезе од туш кабината отколку да ја прескокнува кадата.
Повозрасни станари
Ако во семејството имате лица кои се повозрасни тогаш знаете дека им е тешко да излегуваат од кадата. Столче во туш кабината и нелизгачка подлога се идеални за старите луѓе или за лица со одреден инвалидитет.