петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Како да ги наводнувате цвеќињата во текот на летните месеци: 6 совети кои вредат злато

Како да ги наводнувате цвеќињата во текот на летните месеци: 6 совети кои вредат злато

Наводнувањето на растенијата изгледа едноставно, но многумина кои одгледуваат цвеќиња се борат со тоа. Затоа, постојат многу правила, кои треба точно да се почитуваат и кои одредуваат кога, колку често и со колку вода треба да се полева растението.

Откако ќе почнете да ги следите овие совети, вашите растенија нема да умрат. Посебно внимавајте на нив во текот на летото, големите горештини и сушните периоди, бидејќи многу растенија не можат да преживеат без поголема количина на вода.

Внимавајте на температурата на водата
Водата на собна температура е подобра од топла или ладна. И топлата и ладната вода може да ги оштетат растенијата и затоа е најдобро да наполните поголемо тенџере или водата за полевање секогаш да ја имате подготвена.

Следете ги знаците на природата
На секое растение не му треба иста количина на вода, затоа следете ги знаците од природата колку наводнување му треба на вашето растение. Важно е да се знае од каде кое растение потекнува, бидејќи тоа е добар показател за полевање.

Внимавајте на времето
Наводнување наутро е попожелно отколку навечер. Така, растенијата имаат можност да се исушат и водата побрзо да испарува во текот на денот кога температурите се повисоки.

Обрнете внимание и на други фактори
Ако почвата е сува, листовите почнуваат да пожолтуваат, па на растенијата може да им треба повеќе вода. Ако водата не ја подобри работата, треба да ја прилагодите температурата или нивото на светлина што го примила растението. За балконски цвеќиња, тоа значи преселба на полусенчено место.

Големи барања
Пролетно-летната суша не е секогаш видлива за око, а може да предизвика голема штета на растенијата. Ова е време кога растенијата растат најмногу, се развиваат корените и лисјата, се отвораат цвеќињата. И тогаш на растенијата им треба најмногу вода.

Најдобар метод
Во цветните градини, доколку немате систем за наводнување, најдобро е водата да тече во почвата и добро да се впие. Наводнувањето со црево е добро само ако ги полевате цвеќињата веднаш до коренот. Никогаш не истурајте вода на листовите, бидејќи цвеќињата не го сакаат тоа.