вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Како да ги препознаете „енергетските вампири“ околу себе?

Како да ги препознаете „енергетските вампири“ околу себе?

Дали некогаш се дружите со некоја личност и потоа се чувствувате како да немате енергија? Таа личност може да биде енергетски вампир.

Да, тоа навистина постои, според PsychCentral, енергетските вампири се луѓе кои се ориентирани само кон себеси, на кои им недостасува емпатија за другите и кои се емоционално незрели. Поминувањето време со нив прави да се чувствувате уморни, иритирани, лути, тажни и нервозни.

Како прават да се чувствувате?

Енергетските вампири можат да се појават од секаде. Понекогаш тоа е колега кој постојано сака да зборува за драмата во неговиот живот. Некогаш е најдобар пријател. Со овие личности, не се чувствувате како да сте свои. Се обидувате да ги слушате и не сакате да ги прекинувате, им дозволувате да се искажат, но тие често својата негативна енергија ви ја пренесуваат вам и си одите дома со емоциите кои тие ги имаат.

Не е секогаш лесно да ги препознаете, но кога ќе го направите тоа, важно е да успеете да се справите со нив.

Набљудувајте

Забележете го начинот на нивното однесување и токсичните моменти во нивното функционирање и запаметете го тоа. Кога ќе ги соберете сите ситуации, обидете се да донесете одлука дали вашиот пријател или колега е ваков емоционален вампир.

Заборавете на претпоставките и тргнете од фактите

Штом ги соберете сите делови од сложувалката, имајте разговор. Ако се ваш пријател, треба да се тука и во убави и не толку убави денови. Прашајте ги зошто се однесуваат така и дали се соочуваат со ситуација која ги прави да бидат толку негативни. Не ги напаѓајте, туку почнете со „не знам дали си забележал/а“ или „се надевав дека твојата реакција ќе биде поинаква“.

Тие можат да понудат извинување или пак да се налутат. Сепак, важно е да разговарате со нив, затоа што можеби и не забележале дека се однесуваат така.

Дајте им можност да бидат сами

Ако минуваат низ тежок ден, недела или месец – тоа е во ред, но ако се навистина такви по карактер, запрашајте се дали навистина ви се потребни во животот. Доколку забележите дека навистина ви ја трошат енергијата, обидете се да се дистанцирате. Можете да се видите после некое време и да видите дали се смениле, или пак да разговарате за тоа. Но, дали ќе направат нешто останува на нив, тоа не е ваша работа.

Некогаш завршувањето на пријателството со личност која е енергетски вампир е најдобра опција, особено поради тоа што сите живееме животи кои се полни со стрес и нервоза поради различни причини. Сепак, не се откажувајте прерано од таа личност. Видете како ќе се развиваат работите и соодветно на тоа- реагирајте.