Согласно високите температури во овој период од годината за да ги заштитиме милениците важно е најпрво да ги препознаваме симптомите, за потоа да им ја пружиме негата која им е потребна.
Препораки :
- Вашиот миленик шетајте го во раните утрински часови и доцните вечерни.
- Обезбедете му соодветно место, заштитено од сонцето доколку престојува на отворен простор.
- Никогаш не го оставајте вашиот миленик внатре во затворено возило , па дури и кога се работи за денови со ниски температури .
- Избегнувајте шетање по асфалт, тоа може да доведе до изгоретини на шепите на вашиот миленик.
- Често менувајте им ја водата за пиење.
Симптоми кои укажуваат топлотен удар кај кучињата
- Отежнато и забрзано дишење.
- Зголемен пулс и работа на срцето.
- Прекумерно лачење на лигавица од устата.
- Мускулна слабост.
- Крвава столица и нагони на повраќање.
- Зголемена телесна температура.
Што да правите доколку вашиот миленик има топлотен удар
- Веднаш обратете се кај вашиот ветеринар, но доколку не сте во можност однесете го во затемнета просторија каде нема да има директен контакт со сонцето.
- Поставете ладно-мокра крпа над неговиот врат и глава (и повторувајте ја постапката повеќе пати).
- Доколку сте во можност обезбедете црево со вода кое што ќе тече низ неговиот абдомен.
- Колку што е можно побрзо посетете го вашиот ветеринар.