Доколку се појави гребнатинка на вашето омилено парче мебел или мебелот со текот на времето едноставно ја изгубил бојата и свежината, решението ви е при рака.
Јадрата од орев може да поправат помали оштетувања на дрвото.
Оштетеното место на дрвото тријте го со орев неколку минути, а потоа избришете го со мека крпа за да му помогнете на дрвото да го впие маслото од орев. Бидејќи дрвото многу брзо се храни со природно масло од орев, ќе забележите дека штетата е пополнета, мебелот е обновен.