Луѓето често неочекувано влегуваат во нашиот живот, па потоа речиси исто толку неочекувано излегуваат од него.
Сепак, не е крај на светот. Тие повеќе не се дел од вашиот живот и на тоа треба да гледате како на добра работа. Ако вредело, ќе траело. Како стареете ќе пуштате се помалку луѓе во вашиот живот. А еве зошто тоа е сосема нормално.
Како што минуваат годините, прагот на толеранција ќе ви биде помал
Кога сте млади, често имате порив да бидете пријател со сите. Премногу се грижите за тоа што мислат другите за вас. Можеби сте правиле и одредени работи кои никогаш не би ги правеле на овие години сега, само за некој да ве прифати. Меѓутоа тоа имало и влијание и на тоа да се создадат лоши пријателства. Тогаш не сте ги разбирале предупредувачките знаци и не сте биле ваш способни да препознаете кога другите ве газат. Како што сте созревале, се помалку сте имале нерви за да трпите одредени работи. Повеќе немате нерви за незрели глупости дури и ако тоа значи дека повеќе нема да се гледате со некои луѓе со кои порано сте се дружеле. Сега повеќе сакате да минувате време самите со себе отколку да бидете во лошо друштво.
Како што минуваат годините, сѐ помалку се грижите за создавање нови пријателства
Дојдени сте до точката во која стекнувањето нови пријатели и остварување нови пријателства повеќе не ви е на листата со приоритети. Ни одблиску. Досега веќе ви е искристализирано тоа кои луѓе ќе бидат секогаш покрај вас. Сепак, тоа не значи дека не сакате да се дружите со луѓето. Зборувате со луѓе, се дружите со нив, се забавувате, но не ги пуштате во вашиот живот. Не им ги доверувате вашите тајни.
Не им дозволувате да ве видат во ранлива состојба
Одамна го имате поминато периодот кога ви е потребна нова најдобра другарка или нов најдобар другар. Дури и да не сте во најдобри односи со другарката која ви била најдобра, едноставно повеќе не ви е грижа. Не, не сте песимисти, ниту пак депресивни. Едноставно немате време за тоа, затоа што вие така се одлучиле за тоа, затоа што имате попаметна работа. И тоа е сосема во ред.
Како што минуваат годините, сѐ помалку им верувате на луѓето
Порано сте се чуделе кога сте гледале со каква леснотија ве напуштаат луѓето. Луѓе за кои сте мислелe дека се квалитетни и дека секогаш ќе бидат покрај вас. Тоа беше и прилично суров начин за да си ги отворите очите. Поради тоа сега сте цврсти. Поради тоа сега воопшто не ви е важно што другите мислат за вас. Оние најдобрите луѓе и сѐ уште се покрај вас и вие го почитувате вашето мислење, но и тие го почитуваат вашето. Тие се важни. Сите останати… жива среќа што повеќе не се дел од вашиот живот.
Како што минуваат годините, сѐ помалку сте подготвени да ги ставате другите пред себе
Кога ќе престанете да се грижите за другите и ќе почнете да се сакате себеси, тогаш работите почнуваат да се менуваат и тоа на подобро. Престанувате да правите работи само за да им угодите на другите и правите работи за да си угодите на себеси.
Многу пријателства пукнале поради овој едноставен факт
Еднаш кога ќе престанете да им дозволувате на другите да се однесуваат лошо со вас, тогаш поголемиот дел луѓе сфаќаат дека немаат корист од вас. Вие почнувате да се подобрувате себеси. Одвнатре. На сите можни начини. Станувате личност која вистински знае што сака. А тоа не се луѓе кои ќе ве сопнуваат на секој чекор и кои ве користат на сите можни начини.