Дали некогаш сте се запрашале зошто невестата носи букет (бидермаер) додека пристапува кон олтарот?
Уште во древна Грција била забележана оваа традиција. Во своите раце невестите носеле букет од лековити билки и треви, за кои се сметало дека го заштитуваат семејството од болести и лоши духови.
На Балканот во минатото невестинскиот букет исто така бил направен од лековити билки, за кои се смета дека ја бркаат лошата судбина, а истовремено привлекуваат љубов, здравје и дечиња.
Има повеќе традиции поврзани со невестинскиот букет. Најпопуларната традиција е кога невестата го фрла букетот кон неомажените девојки, а таа што ќе го фати, ќе биде следната невеста.
Според некои обичаи, невестата треба да го фрли букетот во вода, односно во река, на првата годишнина од свадбата. Лошото да си замине, како што тече реката.