понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители

Преподобен Теодор Осветен

Ученик на Свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за Свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го засака заради неговата необична ревност и послушност. Кога дојде мајка му да го вика да се врати назад, тој не сакаше да ? се јави, туку се молеше на Бога за неа, за да ја просветли и неа со вистината. И навистина, мајката не само што не го врати син ? дома туку и самата не се врати: го виде во близина женскиот манастир со којшто управуваше сестра му на Пахомиј, стапи во него и се замонаши. По извесно време дојде во манастирот и брат му на Теодор, Пафнутиј, па и тој се замонаши. Еднаш се случи епископот на градот Панопол го повика Пахомиј да уреди манастир за многубројните коишто го сакаа монашкиот живот. Пахомиј го зеде со себе Теодор и главно нему му ја предаде должноста околу устројувањето на манастирот. По смртта на Свети Пахомиј, Теодор стана игумен на сите манастири на Пахомиј и поживеа благоугодно до длабока старост, управувајќи со мноштво монаси на патот кон спасението. Се упокои мирно и се пресели во царството на вечната светлина во 368 година.

Тропар
Ликуваат монашките лица, се радуваат христијанските срца, насекаде каде се споменува твојот труд и твоето име о Теодоре, ученику Пахомиев, Христос Спасителот те надари со дар на расудување, за да спознаеш дека без Него ништо не си, моли Го Него, о учителе на послушанието, да нe избави од мудрувањето телесно и дарува спасение на душите наши.

Блажената девица Муза

За нејзе раскажува Свети Григориј Двоеслов дека имала само девет години кога на двапати ? се јавила Пресвета Богородица, опкружена со пресјајни девици. Кога Муза изразила желба и таа да биде во онаа пресјајна придружба на Небесната Царица, Богородица ? рекла дека по еден месец ќе дојде по неа и ќе ја земе. И ? заповедала како треба да живее во тие триесет дена. Дваесет и петтиот ден Муза паднала на постела, а триесеттиот ден повторно ? се јавила Светата Пречиста и ја повикувала со тивок глас, на што Муза одговарала: „Еве ме, доаѓам, Госпоѓо!“ И издивнала. Од овој преминала во вечниот живот во 5 век.

Тропар
Ѕвездо на круната Богородична, чистото на патеката Нејзина, душо која се врати во вечноста, девственичке која ги примаш нашите молитви, Музо избрана во свитата на Божјата Мајка, застапи се за нас пред Онаа Која Христа Го роди, да се запазат нашите души.

Свети Никола Мистик, патријарх Цариградски

Се прослави со необична строгост на животот. Царот Лав се ожени по четврти пат, заради што патријархот му забрани да влегува в црква, а свештеникот што го венча го расчини. За ова царот го симна патријархот и го протера во манастир. Делегатите на римскиот папа Сергиј III му го одобрија на царот и тој четврти брак. Но кога умре царот, Никола повторно се врати на патријаршискиот престол и свика собор во 925 година, на којшто четвртиот брак воопшто им беше забранет на христијаните. Се упокои во 930 година. Во она време кај нив „мистик“ се нарекуваше најстариот член на царскиот совет. Значи овој светител порано беше дворјанин со висок чин, но потоа ја остави суетата на светот и се замонаши. Се упокои мирно во 930 година.

Тропар
Тајновидецот Господ го испита срцето твое, о пастиру на овците словесни, и те најде достоен да те умудри со смирение и трпение, да сведочиш за Неговото милосрдие. Моли се за нас, Христов ученику, кон Бога да поитаме од твоите свети молитви закрилени.

Светиот новомаченик Николај

Родум од Епир. За верата Христова мачен од Турците и заклан во Трикали, 1617 година. Главата на овој маченик се чува и денес во еден од Метеорските манастири во Тесалија. Прави многу чуда, лечи најтешки болести, а особено е познато дека од нивите изгонува скакулци.

Преподобните маченици Саваити

Во времето на царот Ираклиј, околу 610 година, за верата Христова пострадаа четириесет и четворица монаси од манастирот на Св. Сава Осветен кај Ерусалим. Нивното јуначко страдање го опиша очевидецот Свети Антиох (житие под 24 декември).