Досегашните истражувања покажале дека некои карактеристики навистина зависат од месецот на раѓање, а еве што кажува тоа за оние кои се родени во април.
- Тие се ноќни птици
Едно истражување открило дека луѓето родени во пролетните и летните месеци си легнуваат многу подоцна за разлика од оние родени во есен или зима.
- Имаат позитивен поглед кон светот
Студентите од еден универзитет во Унгарија, во 2014-та спровеле истражување и откриле дека децата родени во март, април и мај се попозитивни и поголеми оптимисти. Се разбира, ова зависи и од местото на живеење, но најмногу важи за децата родени во држави кои имаат суви и сончеви лета, а студени зими.
- Тие се лидери
Според истражувањето од Универзитетот во Британска Колумбија, децата родени во март и април напредуваат побрзо во кариерата, за разлика од оние родени во летните месеци. Научниците ги анализирале датумите на раѓање на 375 директори од 500 фабрики, во периодот од 1992-ра и 2009-та година, и дошле до заклучок дека најголемиот дел од нив се родени во март и април.
- Имаат помал ризик од астма
Едно истражување од 2015-та година покажало дека луѓето кои го слават нивниот роденден во пролет, имаат помал ризик од астма. Најверојатно причината е тоа што тие се изложени на типичните алергени во првите два месеци од животот, а ова може значително да го зајакне нивниот имунитет.
- Имаат помал ризик од хиперактивно нарушување
Едно истражување покажало дека хиперактивното нарушување почесто се дијагностицира кај луѓето родени подоцна во годината.
- Порано се изложени на сончеви зраци
Ова можеби не е многу добра вест, но добро е да бидете информирани. Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во пролет имаат поголем ризик од развој на меланом. Најверојатно причината е што се изложени на сончеви зраци во најраниот период од животот. Па, вооружете се со заштитна крема и користете ја за секое излегување на сонце.