11-годишниот Себастијан од Колумбија, кој е сираче, не може да си ги задржи солзите кога семејството кое претходно го имаше згрижено ќе му соопшти дека сака да го посвои.
Имено, Себастијан неколку месеци живеел со Аманда и Џобен Барки и нивните четири мали деца во Калифорнија. Парот многу се поврзал со малото момче, што одлучил официјално да го направи дел од нивното семејство.
Преку видео повик, четирите дечиња го прашуваат Себастијан дали сака да им биде братче, а потоа Аманда и Џобен го прашуваат дали сака тие да му станат мајка и татко. Емотивното момче без размислување кима со главата.
Солзите на Себастијан и радоста на семејството нема да ве остават рамнодушни.