Повеќето луѓе кои имаат профили на страниците и апликациите за запознавање, во опис имаат истакнато и со која професија се занимаваат.
Затоа, од страницата за состанување „Badoo“, одлучиле да ја истражат поврзаноста на кариерата со потенцијалот за пронаоѓање партнер, а две професии се издвоиле како најпривлечни.
Според резултатите на нивното истражување, најпривлечна професија за жените е фризерка, а за мажите готвач. Во истражувањето учествувале мажи и жени на возраст од 18 до 30 години, кои ги користат услугите на „Badoo“ страницата, а во продолжение откријте кои други професии се нашле меѓу топ 5-те најпривлечни за двата пола. Се поклопува само една!
Најпривлечни професии на мажите:
1. Фризерка;
2. Медицинска сестра;
3. Адвокатка;
4. Претприемачка;
5. Учителка.
Најпривлечни професии на жените:
1. Готвач;
2. Инженер;
3. Претприемач;
4. Експерт за маркетинг;
5. Уметник.
Сепак, овие резултати треба да се земат со резерва, бидејќи неодамна слично истражување е спроведено и на „Тиндер“, каде резултатите покажале дека мажите најмногу ги привлекуваат психотерапевтки, а жените пилоти.