четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Кои се знаците кои ви покажуваат дека на вашиот организам му недостасува витамин Ц?

Кои се знаците кои ви покажуваат дека на вашиот организам му недостасува витамин Ц?

Витаминот Ц го зајакнува вашиот имунитет и го штити организмот од настинки и грип, па затоа мора редовно да го внесувате.

Со оглед на предупредувањата од лекарите, многумина не внимаваат на исхраната, а ова се неколкуте знаци кои откриваат дека на вашето тело му е потребен витамин Ц.

Најочигледниот знак е фактот дека лесно се разболувате. Без потребната доза на витамин Ц немате доволно бели крвни зрнца кои ги напаѓаат бактериите и вирусите, а со самото тоа го штитат организмот од настинка и грип.

Доколку сте уморни, лошо расположени и поспани, тоа може да има врска со недостаток на овој витамин. Бројни истражувања направени на пациенти кои се борат со анксиозност, покажуваат дека нивното расположение станува подобро за 34% откако во организмот ќе внесат витамин Ц.

Недостатокот на овој витамин, исто така може да влијае на сврзните ткива кои не се обновуваат со нормална брзина, па со самото тоа поспоро зараснуваат. Без овој витамин, вашите зглобови се во лоша состојба, тие се отечени и болни, а на вашето тело се создаваат модрици.

Уште еден јасен знак ќе видите и на косата и кожата, доколку се суви, тоа значи дека во вашиот организам нема доволно витамин Ц.

Консумирајте брокула, зелка и цитрон за да ја зголемите количината на витамин Ц во организмот. Консумирајте свежо овошје и природни сокови.