Светската слава Пауло Коелјо ја достигна со книгата „Алхемичарот“, која неправедно е предмет на подбив, затоа што сите манекенки ја издвојуваат оваа книга како нивна омилена книга. Луѓето им робуваат на предрасудите, па со години се сметаше дека манекенките се глупави и дека она што го читаат сигурно исто така е глупаво. Ниту манекенките се глупави, ниту пак „Алхемичарот“ е книга за потценување.
Во своите книги тој изнесува многу животни вистини и со своите зборови и реченици им помага на милиони луѓе ширум светот.
Кога го запрашале за тоа која е тајната на животот, тој рекол:
„Тајна на животот се состои во тоа седум пати да паднете, но осум пати да станете!“
И затоа, не е важно што ви носи животот, туку важно е подготвени да ги дочекате сите проблеми и тешки моменти!