Со промената на годишното време речиси сите се уморни и безволни, а не знаат како да му се спротивстават на тоа чувство. За оваа промена полесно да ја пребродите, пробајте уште денес да ја зголемите енергијата и да ја искористите за убави нешта.
За овој проблем постои природно решение – коктел против замор. Се прави многу едноставно и има пријатен вкус.
Потребно е три лажици корен од цикорија во прав да ги помешате со една лажица какао во прав, да ги прелиете со зовриена вода и да оставите малку да се олади.
По желба можете да додадете и мед или стевија, со цел да го засилите вкусот. За полн ефект, пијте го наутро или напладне, а секако избегнувајте го пред спиење, бидејќи може да ви го поремети сонот.
Цикоријата е одличен стимуланс, која ја зголемува физичката енергија, го подобрува раположението, го забрзува метаболзимот, ја зајакнува способноста за одбрана на телото од многу болсти, а ја подобрува и емоционалната состојба.