Земањето крв е една од најчестите лабораториски анализи. Често е дел од рутински или систематски прегледи, а првенствено помага во проценката на здравствената состојба на човекот, но и во процесот на дијагностицирање и следење на одредена болест.
Меѓу лабораториските тестови на крвта, најпозната е таканаречената комплетна крвна слика (CBC), а многу луѓе ги интересира колку често тоа треба да се прави.
Како што објаснуваат лекарите, тоа зависи од многу различни фактори. Сепак, тие препорачуваат рутински тестови на крвта на своите пациенти најмалку еднаш годишно. Тие ги сметаат за важни пред се за следење на општата здравствена состојба и рано откривање на можни болести.
Вадењето крв буквално може да ни го спаси животот и да го обезбеди потребниот третман пред болеста да стане комплицирана.
Кога станува збор за хронични пациенти кои земаат лекови, понекогаш лекарите препорачуваат земање крв двапати годишно, а во ретки случаи и почесто.