Економијата во Македонија и покрај тоа што се соочува со многу предизвици, секоја година се движи напред по примерот на другите европски држави. Дел од движечките сили на економијата се оние кои успешно ги менаџираат компаниите во државата, а со тоа ја претставуваат насоката на економскиот развој на истата со своето влијание и резултатите кои ги носат. Низ годините бевме сведоци на многу успешни менаџерски приказни од Македонија, кои со својата работа се истакнаа и оставија белег во економијата на државата, а нивната приказна имавме можност да ја проследиме на изборот на „Мажи на годината“, кој традиционално се одржува секоја година во месецот на машкото здравје, во единаесетиот по ред месец од годината.
Иако изгледа едноставно, менаџирањето е комплексна вештина која бара многу труд и напорна работа, особено во Македонија каде што се соочуваме со секојдневни предизвици во деловното опкружување. Нашата држава може да се пофали со успешни менаџери на водечки компании во државата и регионот кои безрезервно се надоградуваат и ги имплементираат своите знаења, напори и чекори во комапниите со цел остварување на долгорочни резултати. Успесите на менаџерите во Македонија се секогаш исклучително признаени и наградени. Како една од организациите кои секоја година ги наградува и признава успесите на менаџерите кои го дале својот придонес во општеството е престижниот настан изборот на „Мажи на годината“, како организација која ги доделува една од најпочитуваните награди кои ги добиваат менаџерите.
Во изминатите четири години, на настанот „Мажи на годината“ се избираа по двајца менаџери во годината, во две категории – „Менаџер на годината“ и „Млад менаџер на годината“. Добитници на овие престижни награди во изминатите години беа Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје кои ја доби наградата „Менаџер на годината“ за 2018 година, Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на „Адора инженеринг“ кој ја понесе наградата „Млад менаџер“. Додека во 2019 година наградата за „Менаџер на годината“ ја понесе ко-сопственикот на СЕГ и Нептун, Арсим Папранику. Истата година наградата за „Млад менаџер“ падна во рацете на двајца млади менаџери, Крис Поповски и Ненад Пантовиќ, кои се сопственици и основачи на брендот SIGNORI и Shirt tucker Stay.
И покрај тоа што во 2020 година целиот свет беше во една тешка здравствената криза, тоа не беше причина менаџерите, а со тоа и самите комапнии да работат со намален интензитет, напротив, резултатите во 2020 година во голем број на компании укажуваа на спротивното, а за тоа сведочат и наградите кои ги добија менаџерите, чија работа со голем број предизвици и изменети услови, прилагодени на дадената ситуација, достигнаа огромен успех. Наградатите за постигнатиот успех ги добија тројца успешни менаџери, меѓу кои Петар Денковски- генералниот менаџер на Веропулос кои ја доби наградата за „Менаџер на годината“, додека наградата за „Млад менаџер“ ја доби Владо Цекиќ, основачот и извршниот директор на squareONE Marketing & Advertising. Наградата за „Менаџер на годината до 40 години“ ја понесе Радован Витошевиќ, главниот оперативен директор на myWorld International.
Последниот избор на оваа манифестација беше изминатата 2021 година, кога наградата за „Менаџер на годината ја освои Горан Цетинов, генералниот директор на Нептун, додека наградата за „Млад менаџер“ отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei , а наградата за „Менаџер на годината до 40 години“ ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски.
Изборот на „Мажи на годината“ оваа година ќе го има своето јубилејно петто издание, кое организатори го најавуваат како најголем спектакл до сега, на кој и оваа година ќе имаме можност да проследиме кои менаџери постигнале успех во изминатата година кој е вреден за престижната награда „Менаџер на годината“.
Успесите секогаш треба да бидат признаени и прославени за да служат за инспирација за сите останатите кои се стремат да достигнат успех од високи размери, и да дојдат до нивото на останатите кои се пример дека достигнувањата се возможни.