Витаминот Д е важен за јачината на коските, но и за сите органи во телото. Се внесува со храна и суплементи, а телото може сам да го направи доколку сме изложени на сонце.
Витаминот Д е во исто време состојка која можеме да ја најдеме во храната, но и хормон кој го произведува нашето тело. Тој е растворлив во масти и му помага на телото да ги апсорбира и задржува калциумот и фосфорот – неопходни за градење на коските.
Ова е само една од функциите на овој витамин, кој е поврзан со контрола на инфекции и намалување на воспалителните процеси во телото. Докажано е дека многу органи и ткива во телото имаат рецептори за витамин Д, што покажува дека тој има многу поважни функции.
Малку намирници природно содржат витамин Д, па затоа е вообичаено во многу земји вештачки да се збогатуваат некои намирници со него. За многу луѓе, затоа е најдобро да го земаат како додаток. Едноставно, тешко дека е можно преку храната да ја внесат вкупната потребна количина.
Во суплементите, тој постои во две форми – како витамин Д2 – ергокалциферол или превитамин Д и витамин Д3, т.е. холекалциферол. Двете форми се создаваат и кога сме изложени на сонце, односно на неговото ултравиолетово зрачење. Оттука и прекарот „витамин“ на сонцето.
Препорачаната количина за оние над 19 години е 600 IU (меѓународни единици) или 15mcg дневно. За оние над 70 години, тоа е 800 IU или 20 mcg. Горната граница е 4.000 IU.
За да се произведе доволна количина на витамин Д во организмот, потребно е да се изложувате на сонце помеѓу пет и 30 минути, а во просек 15 минути, помеѓу 10 и 15 часот. За тоа време, кожата на рацете, нозете и грбот не треба да се заштитува со креми со заштитен фактор. Таквото потемнување треба да се изведува најмалку два до три пати неделно.
Во повеќето земји на северната хемисфера, тоа не е можно најмалку пет до шест месеци во годината, па затоа е неопходна суплементација.