недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

КОЛКУ ВРЕДИТЕ? Поучна приказна чија порака треба да ја разберете!

КОЛКУ ВРЕДИТЕ? Поучна приказна чија порака треба да ја разберете!

Еден познат говорник го започнал својот говор покажувајќи банкнота од 20 долари. Почнувајќи ја својата приказна пред 200 присутни, тој прашал:

-Кој ја сака оваа банкнота?

Присутните полека почнале да ги креваат своите раце.

Потоа, говорникот додал:

-Ќе ви ја дадам оваа банкнота, но само ако ми дозволите да направам нешто прво. Потоа ја изгужвал.

Прашал повторно:

-Кој ја сака оваа банкнота?

Пак, луѓето почнале да ги креваат своите раце.

Тој се насмевнал и продолжил:

-Што ако го направам ова?

Потоа ги спуштил парите на подот и ги згазил, а потоа валкани и изгужвани повторно ги подигнал и го поставил истото прашање:

-Ја сакате ли уште оваа банкнота?

Луѓето повторно ги кренале своите раце.

-Пријатели мои, ова што денес го научивте е вредна лекција. Без оглед на тоа што и да направив со парите, тоа не ја намали нивната вредност. Уште вредеа 20 долари.

Многупати  во нашиот живот ќе бидеме згужвани, ќе паднеме на земја, ќе бидеме згазени. Но, размислете –  ја намалува ли тоа нашата вредност?

Не сте безвредни. Напротив, вие сте посебни и никогаш немојте да го заборавите тоа.