понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Комбинирајте ги со ОВИЕ парчиња и ќе изгледате совршено: Пет начини да носите ШОРЦЕВИ ова лето!

Комбинирајте ги со ОВИЕ парчиња и ќе изгледате совршено: Пет начини да носите ШОРЦЕВИ ова лето!

Кога станува збор за шорцеви, постојат безброј начини да ги комбинирате со други парчиња облека. Не мора секогаш да носите здодевни и монотони комбинации – шорцеви и маичка.

Постојат различни начини како да го носите ова парче облека, а доколку немате кратки панталони, секогаш можете да користите стар пар фармерки и да ги скратите со ножици.

Еве кои модни предлози можете да ги искористите ова лето:

Шорцеви и ленена кошула

Лежерните шорцеви стануваат одлично парче ако ги комбинирате со минималистичка бела ленена кошула, одбрани парчиња накит и елегантни сандали.

Спортска елеганција: кошула со пруги и патики

„Oversized“ кошула, маичка и патики одлично ги надополнуваат тексас шорцевите на сите летни излегувања. Додадете очила за сонце, не заборавајте ранец со шише вода и почнете да истражувате нови дестинации.

Летен костум: јакна и шорцеви

Шорцевите никогаш не изгледале подобро отколку во обична бела маичка, рамни сандали и летен блејзер. Оваа комбинација ја носат дури и Французинките, а за да не биде премногу здодевна, додадете ситни детали како ремен, марама на главата или накит.

Шорцеви и маичка по прерамки

Наједноставните комбинации кои нема да сакате да ги оставите на одмор: маица по прерамки, шорцеви и патики во кои можете да одите на плажа, да пиете кафе или да прошетате. Изберете поедноставни тонови за да го направите што е можно попријатно и удобно.

Пруги и тексас

Како секогаш елегантните парижанки носат кратки тексас шорцеви? Со задолжителните хоризонтални риги, балетанки или чевли и добра чанта која одговара на се што ви треба за прошетка низ градот.