Овој голем чистач на организмот може да ве направи поздрави и да ве наполни со енергија – исецкајте го на поголеми парчиња, ставете го на стапалата, облечете чорапи и така преспијте.
Заборавете на неговиот мирис кој можеби ви е непријатен и наместо тоа рaзмислувајте за благодетите на овој зеленчук. Тој е голем чистач кој може да ве направи поздрави и да ве наполни со енергија, а вие не треба да се помрднете од креветот.
Како? Така што ќе го исецкате на кругови, ќе го ставите на стапалата, ќе облечете чорапи и така ќе преспиете.
Додека вие сонувате, кромидот ќе ги отвори нервните електронски патишта на вашите табани, кои директно се поврзани со вашите внатрешни органи. Притоа ќе се пресмета со бактериите и бацилите, додека фосфорната киселина (со која изобилува) преку нервните завршетоци ќе навлезе во крвоткот и ќе ја прочисти вашата крв.
Кинезите ја практикуваат оваа метода за зајакнување на имунитетот и одбрана од болести, грижејќи се за стапалата на кои има дури 7.000 нервни завршетоци. Затоа, не се сомневајте во моќта на кромидот.