понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

КУМСТВОТО НЕ СЕ ОДБИВА! Оние кои ќе се огрешат ги очекуваат две големи несреќи

КУМСТВОТО НЕ СЕ ОДБИВА! Оние кои ќе се огрешат ги очекуваат две големи несреќи

Кога велиме кум или кума – првата асоцијација што им паѓа на ум на повеќето е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве изневери и на кој ќе можете да се потпрете во секое време. Токму преку кумовите пријателскиот однос се подига на многу повисоко ниво, станувате како семејство. За Македонците тоа е свето!

Кумството припаѓа на духовното сродство и може да биде кум при крштевање, како духовен отец на дете, на пример, и кум на свадба, како сведок на брак на две лица.

А дали некогаш сте се запрашале што ќе се случи ако не го прифатите кумството?

Едно од верувањата е дека ако одбиеш да бидеш кум на свадба, ќе те следи лоша среќа во текот на животот и никогаш нема да ја најдеш својата сродна душа, бидејќи одби да сведочиш пред Бога за брак на двајца луѓе.

Освен несреќа во љубовта, одбивањето кум носи и осаменост до крајот на животот и дека човекот кој одбил кумство нема да има вистински пријател покрај себе. Исто така, се верува дека човек кој не се согласува да крштева дете, никогаш нема да има „раѓање“, бидејќи не бил подготвен да преземе голема духовна обврска.

Кај нас често може да се слушне познатата изрека дека „кумот не е копче“. Затоа, доколку некој ве одбере за оваа многу важна улога во животот, бидете горди и уживајте во сето она што го носат кумовите, без да се оптоварувате со материјални работи, бидејќи тоа е, пред се, нераскинлива духовна врска.