Кантарионовото масло се подготвува од свежа билка. Размерот е 100 грама цветови на литар масло.
Се подготвува со ладно цедено квалитетно масло, најчесто се препорачува маслиновото.
Оставете ги цветовите да отстојат преку ноќ, а потоа следете ја следнава постапка:
- Ставете ги во проѕирно стаклено шише и прелијте ги со маслото.
- Прекријте го шишето со газа и врзете ја со гумичка.
- Оставете да отстои 40 дена на сонце, повремено проверувајќи дали сите цветови се во маслото.
- По четириесеттиот ден, добро исцедете го маслото со цвеќето низ газата и притиснете ги цветовите за да пуштат од маслото што го впиле.
- Соберете го во темни шишенца и затворете ги убаво.
- Не оставајте го маслото да стои во фрижидер.
Квалитетното кантарионово масло има темна црвена боја, понекогаш со виолетови нијанси.