Вистинското пријателство е реткост во денешно време. Ако имате вистински пријатели, вие сте среќни луѓе. Но, за истото да го задржите мора да почитувате неколку правила.
Советот кој ќе го добиете во оваа поучна приказна многу ќе ви помогне.
Си биле двајца пријатели…
Двајца пријатели шетале низ пустината. Во еден момент се скарале и едниот го удрил другиот. Повредениот не рекол ништо, но запишал во песокот: „Денес мојот пријател ме удри“.
И така продолжиле по својот пат. По некое време наишле на една оаза и одлучиле да се одморат. Но, пријателот кој бил удрен паднал во жив песок. Другиот го спасил. Во тишината, спасениот пријател изгребал на една камена плоча: „Денес пријателот ми го спаси животот“.
Оној кој го удрил и кој му го спасил животот, го прашал: „Кога те удрив, тоа го запиша во песок, а кога ти го спасив животот, тоа го забележа на камен. Зошто?“
Пријателот му одговорил: „Кога некој ќе те повреди, тоа мора да го запишеш во песок за да може ветрот на простувањето да го избрише. А, кога некој ќе направи нешто добро за тебе, тогаш тоа треба да го запишеш на камен, за ветрот никогаш да не може да го избрише и да го однесе во заборав.“