Есента носи многу вкусни плодови, а еден од нив е дефинитивно тиквата, која можете да ја користите на различни начини. Веројатно веќе сте имале можност да направите вкусни јадења од тиква, но овојпат не станува збор за јадење, туку за грижата за убавина на вашето тело. Погледнете како да направите лесен есенски пилинг за тело од тиква.
Потребни состојки:
250 грама кафеав шеќер
200 грама мелено кафе
1-2 лажици зачин од тиква или пире од варена тиква (ако немате зачин од тиква, направете го со мешање на овие состојки по ваш вкус: морско оревче, ѓумбир, каранфилче и цимет)
450 милилитри масло по ваш избор – ленено масло, масло од семе од грозје или маслиново масло
Начин на подготовка:
Истурете го шеќерот во сад и измешајте со дрвена лажица за да го скршите на помали парчиња. Потоа додајте ги меленото кафе и зачинот од тиква. Измешајте рамномерно пред да додадете масло. Додајте го маслото и мешајте додека не се соедини смесата. Истурете го пилингот во стаклена тегла и можете да го користите веднаш или да го чувате во фрижидер за понатамошна употреба.
Примена:
Нанесете мала количина пилинг на чиста влажна кожа по телото и истријте добро. Оставете да дејствува околу 15 минути и потоа исплакнете темелно.
Извор: кафепауза