вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Литиумот може да го намали ризикот од деменција: Новото истражување дава надеж

Литиумот може да го намали ризикот од деменција: Новото истражување дава надеж

Литумот е важен лек кој се користи во терапијата на биполарното пореметување и депресија. Според новaта научна студија која ја спровеле британски истражувачи, таа би можела да го смали ризикот од деменција.

Истражувачите од Оделението за психијатрија при Универзитетот во Кембриџ ги анализирале податоците на скоро 30.000 пациенти постари од 50 години, од кои 548 на просечна старот од 74 години се лечени со литиум. На почетокот на студијата на никој не му била дијагностицирана деменција.

Оние за кои било откриено дека земале литиум во минатото имале помала веројатност да развијат деменција подоцна. Во групата од 53 пациенти кои земале литиум, кај 9,7 отсто од нив е дијагностицирана деменција, додека кај многу поголема група на оние кои не земале литиум, кај 3.244 испитаници била дијагностицирана деменција.

Зимајќи ги во предвид факторите како што се физичкото и менталното здравје, како и конзумирањето на цигари дошло до заклучок дека употребата на литиум е поврзана со помал ризик од деменција кај оние кои го користат подолго време. Научниците веруваат дека ова сугерира дека литиумот може да биде превентивен третман против ризикот од деменција, но тоа допрва треба да биде потврдено со идните поголеми рандомизирани и контролирани клинички испитувања.

Литиумот порано бил предлаган на луѓе кои веќе имаа дијагностицирана деменција или рано конгнитивно оштетување, а новата студија е фокусирана на превентивна употреба на литиумот која го стабилизира расположението.

– Прерано е да се каже за сигурно, но можно е литиумот да може да го смали ризикот од деменција кај луѓе со биполарно пореметување, вели водечкиот научник Др. Санкуан Чен.

Пет проценти од населението над 65 години страда од деменција, а во возрасната група од 85 до 89 години процентот на оние со деменција достигнува 22. Симптомите се намалена интелектуална способност, ментална инерција, заборавеност, збунетост, анксиозност… Во завршната фаза, пациентите се поврзани со креветот, не можат нормално да комуницираат со околината и не можат да ги контролираат физиолошките потреби. Лековите кои моментално се користат може да го забават развојот на деменција, но, за жал, не влијаат на подобрување на постоечката состојба.