Студија објавена во медицинското списание „BMJ“ наведува дека маснотиите кои се наоѓаат околу стомакот се поврзани со зголемен ризик од рана смрт од било која причина, без оглед на вкупната телесна маса. Поголемите гради и колкови се доведуваат до низок ризик.
Резултатите сугерираат дека мерењето на маснотиите околу стомакот би можело да биде добар показател за ризикот од смрт поради прекумерна тежина. Студијата се темели на резултати од 72 истражувања во кои учествувале над 2,5 милиони луѓе следени меѓу три и 24 години, пренесува „New York Post“.
Откриено е дека што повеќе маснотии има околу стомакот толку е поголем ризикот од смртност.
Анализата покажала дека секои 10 сантиметри во струкот се поврзнаи со 11 проценти зголемен ризик од смрт.
Утврдено е и дека ширината на колковите и бедрата е поврзана со помал ризик од смртност од сите причини.