сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Малку чуден, но многу успешен начин да ја победите главоболката

Малку чуден, но многу успешен начин да ја победите главоболката
Sliced banana

Ве боли главата, уморни сте, расеани?

Излупете една банана, исечете ја на тенки парчиња, ставете ја на парче интегрален леб и полека изедете ја, пиејќи истовремено филџан чај од камилица.

Како делува овој природен лек кој на почеток звучи малку чудно?

Бананата е богата со калиум кој ја поттикнува циркулацијата на крвта и елиминацијата на течностите и токсините. Освен тоа, доколку не е презрела, содржи прилично многу скроб, енергетски интегратор кој го закрепнува организмот и му дава сила.

Влакната кои ги содржи лебот придонесуваат до активирање на дигестивниот систем, чија работа често е пореметена поради лошата циркулација на крвта која истовремено е главен виновник за појавата на главоболка.

Камилицата делува смирувачки и ги намалува крвните садови кои при главоболка се шират.